Повеќе од 1.200 млади луѓе се вработиле за само два месеца во над 800 компании како резултат на владината мерка за ослободување од плаќање на социјалните придонеси за вработување на млади до 29 години.
– Оваа мерка е во примена два месеца и интересот на приватните компании е навистина голем. Досега над 830 компании вработија млади луѓе, односно вработени се повеќе од 1.230 млади луѓе за само два месеци користејќи ја оваа мерка за ослободување од социјалните придонеси во висина од 37 проценти до просечна бруто-плата, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов пред промоцијата на Првиот инфо клуб за млади на Економскиот факултет во Скопје.
Изразувајќи задоволство од досегашната реализација, министерот Спасов очекува дека и во следниот период ќе се продолжи со успешната имплементација на оваа мерка со што ќе се зголеми вработувањето на младите луѓе во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски