| четврток, 6 декември 2018 |

Една од најпознатите дами во светското издаваштво доаѓа во Скопје на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“

ане

Ен Луис Фишер

Ен Луис Фишер, една од најпознатите дами во светот на издаваштвото, доаѓа на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“. Фишер се наоѓа на листата на весникот „Гардијан“ како една од 50-те најмоќни луѓе во светот на книгата во Велика Британија. Литературниот скаут ќе гостува во Скопје, на првата фелоушип програма во рамките на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“, oд 27 до 29 мај.
За неа „Гардијан“ пишува: Ако Фишер каже убав збор, за една недела авторот може да се најде кај 20 светски издавачи“.
Фишер, исто така, работи како скаут и за филмската компанија „Хејдај“ која ги снимаше сите продолженија на Хари Потер, како и оскаровецот „Гравитација“.
Фишер во Македонија доаѓа по препорака од Интернационалниот литературен фестивал „Танпинар“ од Турција, фестивал партнер на „ПРО-ЗА Балкан“.
Литературните скаути се мошне ценети во светот, и се сметаат за еднакво важни како и литературните агенти. Во светот не постои голем издавач што не работи со литературни скаути, а нив, многу често, ги ангажираат и литературните агенции. Таа ја започнува кариерата работејќи во магазини, но по кратко време почнува да работи во најголемиот светски издавач „Пингвин“ каде што помогнала да се постави нивниот оддел за авторски права. Таа е скаут за: Пингвиг Рандом, Лафон од Франција, Рандом хаус Канада, Гулдендал Норск од Норвешка, Гулдендал од Данска, Отава од Финска, Нова Фронтеира од Бразил, Патаки од Грција, Јапи Креди од Турција, Даблдеј и Нан Тајлс од САД…
Според концептот на сличните вакви програми, гостите на Скопје фелоушип програмата ќе се сретнат со повеќе издавачи од Македонија кои ќе им ги претстават нивните писатели, со што ќе добијат сознанија за нашата литература и ќе остварат драгоцени контакти од кои се надеваме дека ќе се реализираат повеќе преводи во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top