| четврток, 6 декември 2018 |

Џордан: Како мал бев расист

Најдобриот кошаркар, Мајкл Џордан во неговата последна автобиографија „Мајкл Џордан: Живот“ откри дека како дете бил расист.

Тој откри дека бил против белците тогаш, поради тоа застана против сопственикот на ЛА Клиперс Доналд Стерлинг, кој пред неколку дена изнесе расистички ставови.

– Нема место во НБА, ниту каде било за таков вид на расизам и омраза, која што изрази Стерлинг. Јас сум згрозен поради сознанието дека таков вид на незнаење се уште постои во нашата држава и тоа во највисокото ниво на спортот. Во лигата каде што повеќето играчи се Афро-американци, ние не можеме и не смееме да толерираме таква дискриминација-рече Џордан, кој веднаш по одлуката на комесарот на НБА, Стерлинг доживотно да се суспендира од НБА лигата, упати пофални зборови.

Човекот кој ги одбележа последните 30 години во НБА лигата во 1977 година бил суспендиран од училиште, бидејќи гаѓал со сок, девојка која му рекла дека е црнец.

– Се сметав себе си за расист во тоа време. Во суштина, бев против сите белци-напиша тој во новата автобиографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top