СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.В.(20) и Ф.В.(29), двајцата од Битола, за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
На 4 овој месец, околу 23:00 часот, во Битола, по претходна расправија помеѓу две семејства, Е.В. физички го нападнал А.В.,а Ф.В. со нож и нанел повреда на М.В.
По ова, пријавените физички го нападнале и Н.В. нанесувајќи му тешка телесна повреда-скршеница на десната рака и повреди во пределот на главата.
При обид да ги раздели, Д.И. бил удрен со метален предмет во пределот на главата и задржан на лекување во Клиничка болница Битола.
Од страна на судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.