Шампионот Мајами хит и вицепрвакот во НБА лигата Сан Антонио спарс со победи ги почнаа полуфиналните серии против Бруклин, односно Портланд.
Хит ја забележаа првата победа во сезоната против Бруклин (107-86) и тоа во вистинско време, во плејофот. Леброн Џејмс постигна 22 поени и беше лидер на тимот. Нетс во регуларниот дел од сезоната имаше биланс од 4-0 против шампионите од Мајами.
Тони Паркер продолжи со одличните игри и со 33 поени го предводеше Спарс до триумф од 116-92 против Портланд. Блејзерс го имаа расположениот Ламаркус Олдриџ со 32 поени, но немаа решение за Паркер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


