| четврток, 6 декември 2018 |

Дурант МВП во НБА лигата

Кошаркарот на Оклахома Кевин Дурант е прогласен за најкорисен играч во американската професионална НБА лига за сезоната 2013/2014.

Дурант освои 1.232 бода во гласањето за престижната награда.

Кошаркарот на Оклахома оваа сезона одигра 81 натпревар со просек од 32 поени, 5,5 асистенции и 7,4 скока. Минатогодишниот добитник на МВП наградата Леброн Џејмс, заврши на второто место според бројот на гласовите.

Блејк Грифин од Лос Анџелес Клиперс беше трет, Жаким Ноа четврти, а Џејмс Харден заврши на петтото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top