Една од најголемите желби на убиениот српски доктор Слободан Лукиќ била да се појави на улиците на Краљево со својот тримесечен внук.
– Само за тоа зборуваше, чекаше секој ден бебето малку да зајакне и да дојдат убави пролетни денови. Но, за жал, желбата не му се исполни – изјави за „Блиц“ сопругата Дана, додека солзи ѝ се слеваа низ лицето.
Докторот Слободан Дане Лукиќ е убиен во неделата наутро, пред својата зграда, во Краљево, враќајќи се од ноќно дежурство, додека носел производи од пазар. Него го уби пензионираниот поштенски службеник, Будимир Милосављевиќ (76), кој потоа се обиде да се самоубие, но преживеа.
Вистинскиот мотив за убиството сѐ уште не е познат, но се претпоставува дека Милосављевиќ го убил докторот Лукиќ бидејќи умислил дека има тумор, а дека тоа докторот му го криел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија



