
Театарот за деца и младинци ќе се реконструира и ќе добие комплетно нов лик. Идејниот проект се очекува до 10 јуни, за потоа да биде објавен тендер за избор на фирма што ќе проектира просторот и фирма што ќе го реновира.
Според министерката за култура Елизабета Камчевска Милевска, целосната реконструкција на објектот во кој е сместен еден од најнаградуваните театри во нашата земја треба да биде завршена до септември в година.
Од Министерството за култура најавија дека театарот ќе добие и современа сценска опрема. Просторот има 30 квадратни метри со 123 седишта во партер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Театар за деца и младинци ќе го прави првиот македонски мјузикл за деца
-
Кренаре Невзати- Кери го постави Шекспир за деца во Театарот за деца и младинци
-
Театар за деца и младинци ја подготвува претставата „Сонот на Вилијам“ посветена на Иван Ивановски (фотогалерија)
-
Стотта изведба на „Цветната улица” на Театарот за деца и младинци


