| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје: Собрани преку 10 тони стакло од кафулињата

staklo

Над 10 тони стакло се собрани во првите четири месеци во акцијата за селективно фрлање отпад во угостителството на компанијата „Пакомак“ и скопските кафулиња и ресторани.

Акцијата почна минатата година со околу 15 кафулиња и ресторани во Скопје. Во секое од нив „Пакомак“ постави три различни корпи со ознаки за стакло, пластика и хартија, за селекција на отпадот.

– Преку акцијата, сакаме да ја зголемиме свесноста кај луѓето, да создадеме здрави еколошки навики и поубава средина за живеење за сите нас. Се надеваме дека оваа акција ќе биде што помасовна и резултатите ќе бидат успешни, за да имаме едно почисто и поубаво Скопје. Очекуваме акцијата брзо да се прошири и низ другите градови – изјави директорот на „Пакомак“, Филип Ивановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top