За разлика од украинскиот Металург кој поради долг од два милиона евра е исфрлен од европските натпреварувања, ПСЖ и Манчестер Сити поминаа само со парична казна и уште три дополнителни санкции.
Двата тима поради кршење на финансискиот фер-плеј ќе мораат да уплатат по 60 милиони евра во касата на УЕФА, а покрај тоа ќе мораат да ги пополнат дупките во нивните буџети.
Покрај тоа се казнети и така што во наредниот преоден рок ќе можат да потрошат само 60 милиони евра за купување на играчи и ќе мораат да лиценцираат само по 21 играч за наредното учество во Лигата на шампиони (останатите клубови по 25) од кои осум мораат да бидат од клупската школа.
Парижаните без негодувања ја прифатија казната, додека Сити не се согласуваат со одлуката на УЕФА и имаат време да петок да поднесат жалба доколку се одлучат на таков чекор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси