Шеснаесетгодишен ученик од средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ вчера бил физички нападнат.
Според првичните информации од полицијата, група ученици го нападнале 16-годишниот Ф.Ѓ. од Стајковци удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и на телото.
Полицијата работи на откривање на сторителите и на мотивите за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.