Бруталната драма на Дејвид Гордон Грин насловена „Џо“ каде што Николас Кејџ толкува улога на поранешен затвореник, кој станува пример за едно дете бездомник, од 15 мај ќе се емитува во кината во Македонија. „Џо“ е филмска адаптација на романот на Лери Браун од 1991 година, а во филмот покрај Кејџ, глумат и Тај Кајл Шеридан и Рони Џин Блевинс.
Поранешниот затвореник Џо Ренсом (Николас Кејџ) настојува да избегнува неволји по секоја цена, но не успева во тоа. Тој е човек што се однесува непоправливо несовесно кон жените и своето куче, секојдневно се опива, се брка со полицијата и се коцка. Меѓутоа, го запознава момчето Гари, во кого гледа нешто посебно: решителност, пристојност и неверојатна отпорност. Гари никогаш не живеел како неговите врсници – не одел во училиште, секогаш морал да се грижи за своето семејство, да ја чува сестра му од татко им, кој е алкохоличар, и да се надева на подобра иднина.
Кога Гари ќе дојде во ситуација да не може да се носи со заканата што го снаоѓа, му се обраќа на Џо за помош, што ќе поттикне лавина неизбежни случувања. Заедно, двајцата се соочуваат со многу искушенија во мочуриштето Мисисипи…
Филмот „Џо“ премиерно е прикажан на Венецискиот филмски фестивал во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура