| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал на чоколадото ќе се одржува и во Македонија

Од 22 февруари во Веро Центарот ќе се одржи несекојдневен фестивал на чоколадото наречен „Чоколадна земја“

festival na cokolado

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во изборот на над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци. Наменет пред сè за најмладите и нивните родители, но и за сите вистински љубители на чоколадите, овој фестивал ќе донесе многу радост и среќа за сладокусците. Покрај можноста за дегустација, секој посетител ќе може и да купи производи по промотивни цени и да ужива со своите блиски во специјалната и богата програма.

Сите го сакаат чоколадото, без разлика дали сте дете или возрасен. Колку и години да имате со подеднаков интерес ќе уживате во неговиот вкус и ќе сакате да научите нешто плус за вашиот омилен десерт. Во Веро Центарот ќе имате можност да го истражите светот на чоколадото и да ги споделите искуствата со вашето семејство и пријатели.

Овој фестивал покрај дегустацијата и можноста да се видат и купат сите чоколадни задоволства ќе има и едукативен карактер. Имено првиот викенд ќе бидат организирани чоколадни донации на кои ќе се одржи продажба на рачно изработени чоколади.

Вториот викенд ќе се организира чоко работилница каде дечињата ќе имаат можност да учат да изработуваат чоколадни колачиња и разни други чоколадни форми во придружба на артисти. А, за третиот викенд предвидени се игри со големо домино, куглање и хулахоп додека последниот викенд ќе се организира голема детска забава придружена од детски хор, бинго и други забавни игри кои како содржина се предвидени и претходните викенди.

Веро Центарот ги повикува сите дечиња заедно со нивните родители да дојдат и да ги вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top