| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен ден во Француското интернационално училиште

Француското интернационално училиште во Скопје в четврток, 8 мај, во 10 часот ќе ги отвори вратите за сите родители кои сакаат нивните деца да учат на француски јазик. На денот ќе присуствуваат многубројни странски дипломати, француски доселеници и граѓани со своите децата.

Основното училиште нуди едукација според програмата на Министерството за образование на Република Франција, од каде и е акредитирано. Целата настава се изведува на француски јазик, додека, пак, македонскиот и англискиот јазик се изучуваат по 5 часа неделно.

le rok

Ле Рок, претседател на Управниот одбор на училиштето

 

– За прв пат училиштето организира отворен ден на кој преку интерактивен начин родителите и децата ќе се запознаат со наставните програми и организацијата според начелата на Министерството за образование на Франција. Тие ги претставуваат критериумите на француските училишта во странство што подразбира усогласеност со основните принципи на еднаквост, слобода и секуларизам. Сето тоа дава меѓународно признато и висококвалитетно образование – вели Ле Рок, претседател на Управниот одбор на училиштето.

Наставата ја водат професори од Франција, високообразовани, динамични и професионални со долгогодишно искуство во тамошниот образовен систем. Во воспитно-образовниот процес преовладува индивидуалниот пристап.

Француското интернационално училиште издава свидетелства признати насекаде во светот, исто како ученикот своето образование да го завршил во Република Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top