
Полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро заплени 500 килограми марихуана, чија крајна дестинација бил грчкиот наркопазар. Дрогата, која потекнувала од селото Лазарат, била спакувана во 15 торби и транспортирана со две возила „ренџ ровер” .
Полицијата интервенирала во мигот кај селото Хоштев, кога наркошверцерите дрогата од возилата ја натоварувале на мазги со кои илегално требало да ја пренесат на грчка територија. Кога ја забележале полицијата, двајца од шверцерите успеале да побегнат, а третиот бил уапсен.
Албанската и грчката полиција само во последната недела запленија околу два тона марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска


