По неколкуте дена со поројни дождови и густи облаци, утрешниот празничен ден носи големо разведрување. Иако утрото повторно ќе осамне со умерена облачност, значително разведрување нѐ очекува попладнето.
Утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, додека преку ден нѐ очекува потопла температура во однос на претходните денови. Максималната дневна температура ќе достигне до 20 степени.
Во Скопје слично време со максимална температура од 17 степени и значително разведрување во попладневните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


