| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Почна валканата кампања

Кривичната пријава од Урбан Инвест за градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски е почеток на валканата кампања против него. Јакимовски во соопштението вели дека ова е очекуван потег и ниско ниво на пресметка. Порашениот висок функционер на СДСМ кој беше исклучен од партијата поради непочитување на одлуката за бојкот на локалните избори вели дека е подготвен во претстојните 40 дена да се носи со вакви подметнувања.

Во однос на обвинувањата на Урбан Инвест, Јакимовски вели:

–       Фирмата „Урбан Инвест” која ја започна реконструкцијата на платото кај Млечен ресторан во текот на работата се однесуваше неодговорно, неорганизирано и работеше со несоодветен стручен кадар. Во неколку наврати поради несоодветната динамика во работењето и несериозното однесување при изведувањето на градежните работи, беше повикана на усмени состаноци во Општината, а беше предупреден и во писмена форма. Поради тоа, Општина Карпош одлучи да го раскине договорот со оваа фирма и до надлежниот суд да поднесе тужбено барање за несоодветно однесување и надоместок на штета, од страна на „Урбан Инвест”. Оттаму, јасни се и мотивите за реваншизам и политичка дисквалификација зад кои оваа фирма сака да ги прикрие својот непрофесионализам и изгубениот кредибилитет во деловниот свет. Исто така, „Урбан Инвест” е фирма од која многу инвеститори во Општина Карпош честопати доаѓаа и се жалеа за несериозност во работата и лошата изведба на работите кои им се доверени, се вели во соопштението на Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top