Русија денеска ја предупреди Украина дека може да дојде до хуманитарна катастрофа во некои градови, блокирани од украинската армија во источниот дел на земјата.
Хуманитарна катастрофа се најавува во блокираните градови. Констатиран е веќе недостиг на лекови и прекинато е снабдувањето со преханбени продукти, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Казнените акции на украинските сили водат до нови жртви меѓу цивилното население, се наведува во документот.
Во соопштението Москва ги повикува украинските власти да стават крај на крвопролевањата и да седнат на преговарачка маса со цел да најдат излез од кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


