| четврток, 6 декември 2018 |

Путин го потпиша Законот против величење на нацизмот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша Законот против рехабилитација и глорификација на нацизмот и ширење на лажни информации за улогата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

За прекршителите на Законото предвидена е казна од 300.000 рубљи (8.328 долари) или три години затвор.

Доколку поединец го прекрши Законот користејќи ја својата положба казната е и до 500.000 рубљи (13.880 долари), а затворската казна е пет години.

Со Законот се предвидени и казни за скрнавење на датуми и споменици на руската воена победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top