| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки шампионски се вратија дома (ФОТО)

Попладнево на скопскиот аеродром „Александар Велики“, екипата на ЖРК Вардар се врати од Будимпешта, каде вчера победи во борбата за третото место во Лигата на шампиони.

Ракометарките беа пречекани со цвеќе од своите обожаватели и најблиските.

Тренерот на Вардар, искусната Индира Кастратовиќ, вчера по завршувањето на дуелот со Митјиланд изјави дека е задоволна од успехот.

– Ова е прва година на Вардар во Лигата на шампионите и веднаш стигнавме до „фајналфор“, затоа треба да бидеме задоволни и ние и целата македонска јавност со овој резултат – рече Кастратовиќ.

Ralometarki aerodrom 07 (Custom) Ralometarki aerodrom 05 (Custom) Ralometarki aerodrom 04 (Custom) Ralometarki aerodrom 03 (Custom) Ralometarki aerodrom 02 (Custom) Ralometarki aerodrom 01 (Custom)

Фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top