Лидерот на „Нокаут“ во Копенхаген ја промовираше новата фризура. Никола Перевски Пере, заедно со Тамара Тодевска и Димитар Андоновски е придружен вокал и поддршка за Тијана на евровизиската сцена.
Пејачот во Данска ја скрати долгата коса, имиџ кој со години не го менуваше и по кој беше препознатлив. Пере сега има слична фризура и со Димитар, Тамара и Тијана, кратка коса и избричен дел од главата.
Нивниот настап на „Евровизија“ како претставници на Македонија е на втората полуфинална вечер овој четврток од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.