| четврток, 6 декември 2018 |

Горивата поскапи за половина денар

бензинска_пумпаМалопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 е 80,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,50 денари, на Еуродизелот 67,50 и на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 56 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,71 денари за килограм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top