| четврток, 6 декември 2018 |

Политиката на грчката држава кон „непостојното“ малцинство – „Посебни програми“

Во пер­и­о­дот 1958-1963 го­ди­на би­ле до­не­се­ни „по­себ­ни­те про­гра­ми“ од вла­да­та на Кон­стан­ди­нос Ка­ра­ман­лис, со кои се пред­ви­ду­ва­ло „по­сте­пе­на аси­ми­ла­ци­ја на ком­пакт­но­то ксе­но­фо­но мал­цинс­тво во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја“. За овие про­гра­ми доз­на­ва­ме од „стро­го до­вер­ли­ви­от“ из­ве­штај на служ­бе­ни­кот во Ми­ни­стерс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти, Кон­стан­ди­нос Хи­ма­ри­ос, об­ја­вен во спи­са­ни­е­то „Зо­ра“ - по­ра­не­шен ор­ган на ма­ке­дон­ска­та пар­ти­ја во Гр­ци­ја, „Ви­но­жи­то“

Istorija85-1

… продолжение (претходниот текст)

 

При­чи­ни­те за овие мер­ки, спо­ред со­ста­ву­ва­чот на из­ве­шта­јот, би­ле пре­зе­ме­ни по­ра­ди „аси­ми­ла­ци­ја и вкло­пу­ва­ње“ на Ма­ке­дон­ци­те во „на­ци­о­нал­но­то ста­до“. Со со­од­вет­на вна­треш­на и над­во­реш­на по­ли­ти­ка, спо­ред не­го, се пла­ни­ра­ло „заз­дра­ву­ва­ње на отво­ре­на­та ра­на“.

Ини­ци­ја­ти­ва­та про­из­лег­ла од во­да­чот на Ге­не­рал­ни­от штаб (ГШ) за на­ци­о­нал­на од­бра­на, ге­не­ра­лот Фрон­ди­стис. Пос­лед­ни­от, во де­кем­ври 1959 го­ди­на, по­ви­кал на со­ве­ту­ва­ње прет­став­ни­ци од МНР, Др­жав­на­та служ­ба за ин­фор­ма­ции (ΚΥΠ) и на упра­ва­та за стран­ци при МВР. На со­ста­но­кот би­ло зклу­че­но де­ка е мож­но пре­диз­ви­ку­ва­ње „го­ле­ми опас­но­сти“ по­ра­ди не­а­ктив­ни­от од­нос на грч­ка­та др­жа­ва кон над­во­реш­на­та про­па­ган­да и на ор­га­ни­за­ци­и­те што дејс­тву­ва­ле во вна­треш­но­ста. На не­го би­ле про­чи­та­ни ре­фе­ра­ти, од кои по­доц­на ге­не­ра­лот Фрон­ди­стис со­ста­вил ме­мо­ран­дум и го ис­пра­тил до пре­ми­е­рот Ка­ра­ман­лис. Во не­го би­ле по­со­че­ни вна­треш­ни­те и над­во­реш­ни „за­ка­ни“ за грч­ка­та др­жа­ва. По­себ­но вни­ма­ние се по­све­ту­ва­ло на „опас­но­ста во по­гра­нич­ни­те ре­о­ни ка­де што има­ло ком­пакт­но ксе­но­фо­но мал­цинс­тво“, со што офи­ци­јал­ни грч­ки служ­би де фа­кто го приз­на­ле по­сто­е­ње­то на ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но мал­цинс­тво. За над­во­реш­ни­те „за­ка­ни“ се пред­ла­га­ло наз­на­чу­ва­ње „ата­шеа за обра­зо­ва­ние во глав­ни­те ам­ба­са­дор­ски и кон­зул­ски цен­три“. На прет­ход­но под­го­тве­ни­те служ­бе­ни­ци за ос­тва­ру­ва­ње на „ми­си­и­те“ ќе им се ста­ве­ле на рас­по­ла­га­ње си­те „по­треб­ни средс­тва“. Мер­ки­те што тре­ба­ло да би­дат пре­зе­ме­ни во са­ма­та Гр­ци­ја би­ле мно­гу пом­но­гу­број­ни. Се пла­ни­ра­ло да се фор­ми­ра „ко­ор­ди­на­тив­на ко­ми­си­ја“, ко­ја би би­ла со­ста­ве­на од раз­лич­ни прет­став­ни­ци на по­ве­ќе ми­ни­стерс­тва, ка­ко и од служ­бе­ни­ци на ΚΥΠ. На че­ло на оваа ко­ми­си­ја тре­ба­ло да за­ста­не ди­ре­кто­рот на пр­ва­та кан­це­ла­ри­ја на ГШ на ар­ми­ја­та. За по­до­бра кон­тро­ла на те­ре­нот, тре­ба­ло да се по­ста­ви ко­ор­ди­на­тор во Ми­ни­стерс­тво­то за се­вер­на Гр­ци­ја, кој би бил и еден од над­зор­ни­ци­те на окру­зи­те. Во овој па­кет-мер­ки би­ле пред­ви­де­ни да се вклу­чат и Ин­сти­ту­тот за ма­ке­дон­ски сту­дии (ЕМС) и Бал­ка­но­ло­шки­от ин­сти­тут (ИМХА), нив­на­та актив­ност тре­ба­ло да би­де на­со­че­на кон ин­те­ле­кту­ал­но спро­тив­ста­ву­ва­ње на „Сла­во­ма­ке­дон­ска­та про­па­ган­да“. Со по­себ­ни­те „мер­ки“ се пла­ни­ра­ло со се­ка­кви средс­тва (обра­зов­ни, по­ли­ци­ски, во­е­ни и дру­ги), да се по­стиг­не аси­ми­ла­ци­ја и по­гр­чу­ва­ње на Ма­ке­дон­ци­те. За „откор­ну­ва­ње и оту­ѓу­ва­ње“ на пре­о­ста­на­то­то ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние би­ло пред­ви­де­но не­го­во пре­се­лу­ва­ње во странс­тво, но и „пре­не­су­ва­ње на на­се­ле­ни­е­то со сло­вен­ска свест на раз­ни ме­ста, јуж­но од ре­ка­та Би­стри­ца“.

На крај од ме­мо­ран­ду­мот се наг­ла­су­ва­ла по­тре­ба­та од „не­от­по­вик­ли­во од­би­ва­ње за ре­па­три­за­ци­ја“ на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние, кое ја има­ло на­пу­ште­но Гр­ци­ја.

Во ју­ни 1959 го­ди­на бил пот­пи­шан ју­гос­ло­вен­ско-грч­ки­от до­го­вор за ко­му­ни­ка­ци­ја. Со не­го би­ла пред­ви­де­на еко­ном­ска, кул­тур­на и суд­ска со­ра­бо­тка ме­ѓу две­те др­жа­ви. За за­жи­ву­ва­ње на еко­ном­ски­те вр­ски би­ло пла­ни­ра­но да им се до­де­лат по­гра­нич­ни кар­ти на 3.000 лу­ѓе од две­те зем­ји. Деј­но­ста во со­сед­на­та др­жа­ва би­ла огра­ни­че­на во зо­на од 10 ки­ло­ме­три. Од ју­гос­ло­вен­ска Ма­ке­до­ни­ја би­ле оп­фа­те­ни 57 на­се­ле­ни ме­ста, до­де­ка од грч­ка Ма­ке­до­ни­ја би­ле оп­фа­те­ни 62 се­ла од ле­рин­ски­от, ку­ку­шки­от и пел­ски­от округ.

Не­кол­ку де­но­ви по пот­пи­шу­ва­ње­то на спо­ме­на­ти­от ме­ѓу­др­жа­вен до­го­вор, до грч­ки­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти, Еван­ге­лос Аве­роф, бил под­не­сен нов ме­мор­на­дум за „вна­треш­ни­от раз­вој на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње“. Не­го­ви со­ста­ву­ва­чи би­ле ди­ре­кто­рот на пр­ва­та по­ли­тич­ка упра­ва при МНР, К. Хи­ма­ри­ос, ам­ба­са­до­рот на Гр­ци­ја во Бел­град, Ди­ми­три­ос Ни­ко­ла­ре­и­зис, и не­го­ви­от нас­лед­ник Три­си­ву­лос Ца­ка­ла­тос. Во ме­мо­ран­ду­мот би­ле при­фа­те­ни нај­го­лем дел од зак­лу­чо­ци­те од прет­ход­ни­от на Фрон­ди­стис, но со „ед­на ос­нов­на раз­ли­ка“. Спо­ред трој­ца­та на­ве­де­ни авто­ри, Ма­ке­дон­ци­те, во це­ли­на, во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја не би­ле не­при­ја­тел­ски рас­по­ло­же­ни кон Гр­ци­ја и за­тоа не пред­ла­га­ат нив­но исе­лу­ва­ње. Ме­ѓу­тоа, по­сто­ел еден „не­о­дре­ден број на лич­но­сти… кои не тре­ба­ло да би­дат оста­ве­ни на слу­чај­но­ста“. Во ме­мо­ран­ду­мот се наг­ла­су­ва­ла по­тре­ба­та за аси­ми­ла­ци­ја на Ма­ке­дон­ци­те, ко­ја тре­ба­ло да би­де по­сте­пе­на и спро­ве­де­на на вни­ма­те­лен на­чин. Ма­ке­дон­ско­то мал­цинс­тво, спо­ред со­ста­ву­ва­чи­те на овој план, по­крај ма­ке­дон­ски­от ја­зик, во по­чет­ни­от ста­ди­ум тре­ба­ло до­бро да го на­у­чат грч­ки­от и па­ра­лел­но во сво­и­те до­мо­ви да ги го­во­рат два­та ја­зи­ка, за на крај, „по на­ви­ка“, да го отфр­лат ма­ке­дон­ски­от и го при­фа­тат грч­ки­от ја­зик. Отка­ко ми­ни­сте­рот Аве­роф го при­фа­тил ме­мо­ран­ду­мот, го ис­пра­тил до ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти, Та­ко Ма­крис, со ко­го ги „про­у­чу­ва­ле на­чи­ни­те за не­го­во­то спро­ве­ду­ва­ње“. На крај, ме­мо­ран­ду­мот бил ис­пра­тен до пре­ми­е­рот Ка­ра­ман­лис, кој се сог­ла­сил со пред­ло­зи­те на со­ста­ву­ва­чи­те.

Istorija85-2

Кон­стан­ди­нос Ка­ра­ман­лис

На 8 октом­ври 1959 го­ди­на ми­ни­стер­ски­от со­вет ед­ног­лас­но го усво­ил ре­фе­ра­тот на ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Аве­роф. Тој пред­ло­жил да се наз­на­чи во Со­лун ге­не­ра­лен ко­ор­ди­на­тор, кој би рас­по­ла­гал со 15.000.000 драх­ми. Ви­си­на­та на фи­нан­си­ски­те средс­тва има­ло за цел да го по­ка­же „др­жав­ни­от ин­те­рес кон на­се­ле­ни­е­то“. Ко­ор­ди­на­то­рот би до­би­вал по­мош од ко­ор­ди­на­тив­на ко­ми­си­ја, ко­ја тре­ба­ло да се соз­да­де од си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни ми­ни­стерс­тва. По­тре­ба­та од спро­ве­ду­ва­ње на пред­ло­зи­те на ми­ни­сте­рот Аве­роф би­ла наг­ла­се­на и на со­ста­но­кот од август 1960 го­ди­на. На не­го учес­тву­ва­ле прет­став­ни­ци од вла­да­та и од на­ци­о­нал­ни­те ин­сти­ту­ции. Уло­га­та на ге­не­рал­ни­от ко­ор­ди­на­тор би­ла на­до­пол­не­та. Тој во рок од еден и пол ме­сец тре­ба­ло да ја оби­ко­ли за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја и лич­но да се уве­ри за не­до­ста­то­ци­те и за по­тре­би­те на на­се­ле­ни­е­то, со по­се­бен осврт на учи­ли­шта­та и на цр­кви­те. Ка­ко и прет­ход­ни­от про­ект, та­ка и овој оста­нал са­мо во пла­но­ви­те на одре­де­на гру­па лу­ѓе. По еден ме­сец бил сви­кан нов со­ста­нок, при што би­ло ре­ше­но да се фор­ми­ра Из­вр­шен ко­ми­тет од два чле­на, К. Хи­ма­ри­ос ка­ко прет­став­ник на МНР и еден ви­сок служ­бе­ник од МВР. Нив­на­та за­да­ча се со­сто­е­ле во „за­бр­зу­ва­ње на мер­ки­те за кои ќе се од­лу­че­ло, со цел – спро­тив­ста­ву­ва­ње на сло­вен­ска­та про­па­ган­да“, а во­ед­но и ис­пра­ќа­ње на из­ве­штаи за на­ци­о­нал­на­та деј­ност до сво­и­те ми­ни­стри.

Кон­крет­ни мер­ки, кои за др­жав­ни­от врв прет­ста­ву­ва­ле „на­ци­о­на­лен ин­те­рес“, грч­ка­та др­жа­ва пре­зе­ла по одр­жу­ва­ње­то на со­ста­но­кот од 9 но­ем­ври 1960 го­ди­на. На не­го учес­тву­ва­ле ми­ни­стри­те за над­во­реш­ни и за вна­треш­ни ра­бо­ти, Аве­роф и Ма­крис, пре­фе­кти­те на ко­стур­ски­от, ле­рин­ски­от и ја­нин­ски­от округ, нај­ви­со­ки­от управ­ник на по­ли­ци­ја­та во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја, Ро­ма­нос, над­зор­ни­кот на окру­зи­те Ка­ра­бо­цос и Хи­ма­ри­ос. Но­во­фор­ми­ра­ни­от ко­ор­ди­на­ти­вен со­вет имал ши­ро­ки ов­ла­сту­ва­ња во спро­ве­ду­ва­ње­то на ве­ќе до­не­се­ни­те од­лу­ки, но и во из­на­о­ѓа­ње но­ви аси­ми­ла­ци­ски мер­ки. Чле­но­ви би­ле от­по­ра­но до­ка­жа­ни­те „на­ци­о­нал­ни деј­ци“: Ка­ра­бо­цос, Ро­ма­нос и Хи­ма­ри­ос. Трич­ле­ни­от со­вет би­ло опре­де­ле­но да се со­ста­ну­ва се­ко­ја пр­ва сре­да од ме­се­цот. Из­ве­шта­и­те од се­кој со­ста­нок тре­ба­ло да се ис­пра­ќа­ат до ми­ни­стри­те за вна­треш­ни и за над­во­реш­ни ра­бо­ти. Од поз­на­чај­ни­те од­лу­ки што ги до­не­ла оваа „трој­ка“, би­ле:

  1. фор­ми­ра­ње­то гра­дин­ки во ма­ке­до­но­фо­ни­те се­ла во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја;
  2. ре­кон­струк­ци­ја на оште­те­ни­те цр­кви од Гра­ѓан­ска­та вој­на, и
  3. из­град­ба на но­ви, и из­вр­шу­ва­ње де­ла ко­рис­ни за оп­штес­тво­то во Ма­ке­до­ни­ја.

Ми­ни­сте­рот за фи­нан­сии Па­па­кон­стан­ти­ну ста­вил на рас­по­ла­га­ње 5.000.000 драх­ми на ко­ор­ди­на­тив­ни­от со­вет и ве­тил уште тол­ку до кра­јот на фи­нан­си­ска­та го­ди­на. Исто та­ка, фи­нан­сии би­ле пред­ви­де­ни за из­град­ба и те­ков­но од­др­жу­ва­ње на гра­дин­ки­те. Раз­би­ра­ње за по­тре­ба­та од спро­ве­ду­ва­ње на на­ве­де­ни­те мер­ки иска­жал и пре­ми­е­рот Ка­ра­ман­лис, кој при­фа­тил отва­ра­ње гра­дин­ки во ма­ке­дон­ски­те се­ла, кои има­ле по­ве­ќе од 30 пре­ду­чи­лиш­ни де­ца, ка­ко и гра­де­ње одре­ден број учи­ли­шта и цр­кви. Од по­себ­но зна­че­ње во спро­ве­ду­ва­ње­то на аси­ми­ла­ци­ја­та и за­си­лу­ва­ње­то на про­па­ган­да­та кон ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние би­ло до­де­лу­ва­ње­то пе­чат­ни­ца на друш­тво­то „Ари­сто­те­лис“ во гра­дот Ле­рин, во вред­ност од 500.000 драх­ми, од кои 300.000 би­ле да­де­ни од МНР. Со­ве­тот пла­ни­рал сти­пен­ди­ра­ње на 20.000 „сла­во­фо­ни“ сту­ден­ти. Ло­ка­ци­ја­та за нив­но­то ака­дем­ско усо­вр­шу­ва­ње не­сом­не­но би­ла из­бра­на по­јуж­но, т.е. тие би се пра­ќа­ле во ин­сти­ту­тот То­си­ци­он во Ки­фис­ја. Нес­про­ве­ду­ва­ње­то на нај­го­лем дел од пред­ви­де­ни­те мер­ки на де­ло, прет­ста­ву­ва­ло по­вод за под­не­су­ва­ње из­ве­штај на трич­ле­ни­от со­вет до со­од­вет­ни­те ин­сти­ту­ции за не­го­во рас­пу­шта­ње. Од­лу­ка­та на Со­ве­тот со мол­че­ње би­ла при­фа­те­на од Вла­да­та. Спо­ред авто­рот на овој из­ве­штај, кој бил и еден од чле­но­ви­те на спо­ме­на­ти­от Со­вет, нив­на­та ра­бо­та иа­ко би­ла кра­тко­трај­на, се­пак прет­ста­ву­ва­ла „ос­но­ва за поч­ну­ва­ње де­ло со долг дух“, чи­ја­што крај­на цел би би­ла „аси­ми­ла­ци­ја на сла­во­фо­ни­от еле­мент“.

Во сво­јот зак­лу­чок, авто­рот на из­ве­шта­јот Хи­ма­ри­ос за­бе­ле­жал де­ка во пер­и­о­дот од 1958 до 1963 го­ди­на би­ле вло­же­ни го­ле­ми на­по­ри за прид­ви­жу­ва­ње на ра­бо­та­та за аси­ми­ла­ци­ја на ет­нич­ки­те Ма­ке­дон­ци во Гр­ци­ја. Це­ла­та грч­ка вла­да, вклу­чу­вај­ќи го и неј­зи­ни­от пре­тсе­да­тел, се­ко­гаш би­ле из­ве­сте­ни и да­ва­ле сог­лас­ност за пре­зе­ма­ње на по­треб­ни­те мер­ки. На кра­јот Хи­ма­ри­ос ги со­ве­ту­вал со­од­вет­ни­те ин­сти­ту­ции и лич­но­сти за про­дол­жу­ва­ње, т.е. за це­лос­но за­вр­шу­ва­ње на „де­ло­то“, до­де­ка мер­ки­те пре­зе­ме­ни со „по­себ­ни­те про­гра­ми“ прет­ста­ву­ва­ле до­бар на­чин за раз­ре­шу­ва­ње на „не­врал­гич­на­та си­ту­а­ци­ја во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја“. …

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 85. број на неделникот „Република“, 18.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top