| четврток, 6 декември 2018 |

Проработи НЕРИТ новиот грчки јавен сервис

neritНовата грчка државна телевизија НЕРИТ од синоќа почна со емитување редовна програма, со вести кои ги водеше познатата телевизиска водителка Андријана Параскевопули.

Новата радио, интернет и телевизија (НЕРИТ) е формирана откако лани во јуни, во рамки на меркита за штедење, грчката влада по повеќе од 60 години работа ја укина дотогашната државна телевизија ЕРТ, што доведе до отпуштање од работа на околу 2.600 лица.

По затворањето, дел од вработените во ЕРТ продолжија да емитуваат програма преку релеј на една приватна телевизиска станица, претворајќи се во водечки опозициски медиум во Грција.

Кон средината на јули беше формирана привремена државна телевизија ДТ, каде што останаа да работат мал дел од поранешните вработени во ЕРТ, кои сега преминаа во НЕРИТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top