| четврток, 6 декември 2018 |

Чудесно коло во Шпанија, без победи останаа и Атлетико и Реал и Барса

Чудесно коло без победи на водечкото трио Атлетико, Реал и Барселона се одигра во шпанското првенство, што најавува возбудлив финиш во битката за титулата.

Лидерот Атлетико пропушти неверојатна можност да ја осигура титулата, а поразот од Леванте со 0-2 на гостински терен ги врати „јорганџиите“ чекор назад, иако сѐ уште се лидери на две кола до крајот на шампионатот. Атлетико е лидер со 88 бода, три повеќе од Барселона, на која ќе ѝ гостува во последната рунда.

И Каталонците можат да жалат за пропуштената шанса бидејќи одиграа само нерешено 2-2 на „Камп ноу“ против Хетафе. Актуелниот шампион прими гол во втората минута од судиското продолжение и загуби два значајни бода, со кои веројатно ќе беше најблиску до трофејот.

Чудата продолжија и во неделните дуели, а Реал Мадрид се спаси од пораз на „Сантјаго Бернабеу“ против Валенсија. Роналдо со прекрасен гол со петица во 92. минута израмни на 2-2, па „кралскиот клуб“ остана во трка за титулата. Реал има 83 бода и меч помалку од конкурентите и ќе чека пораз на Атлетико од Барселона во последното коло. Патем „кралевите“ треба да ги добијат сите три останати натпревари за да ја прослават 33. круна во Шпанија.

Барселона има 22. титули, а Атлетико се надева на јубилејниот десетти трофеј во Примера дивизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top