| четврток, 6 декември 2018 |

„Црвена јабука“: Во Македонија сѐ е топло и искрено

Легендарниот сараевски бенд „Црвена јабука“ ќе одржи голем концерт овој петок во Скопје. Специјални гости на концертот на 9 мај во „Експо центар“ ќе бидат Роберт и Панки од „Куку леле“, додека настанот ќе го води Весна Бејби Петрушевска, која ќе ја отвори вечерта со дел од своето стендап-шоу.

crvena-jabuka-koncrrttt-01

Концертот во Скопје на бендот кој следната година ќе прослави 30-годишен јубилеј е дел од турнејата „Без струја, за душа“.

Лидерот и главен вокал на „Црвена јабука“, Дражен Жериќ-Жера за „Република“ вели дека им е драго секојпат кога ќе дојдат во Македонија, бидејќи тука сѐ е топло и искрено. Тој вели дека момците ќе дадат сѐ од себе за да направат концерт за паметење.

Концертот, кој го организира продукцијата „Дрим тим Скопје“, е со почеток во 23 часот. Влезниците веќе се во продажба по цена од 250 денари, а може да се најдат во продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top