| четврток, 6 декември 2018 |

Седмиците за Сан Антонио и за Бруклин

Седмите натпревари што ја одлучуваа судбината на победниците во првата рунда од плејофот им припаднаа на Сан Антонио и на Бруклин, а уште три екипи на идентичен начин, со мајсторка, ги продолжија натпреварите во трката за титулата во НБА-лигата.

Бруклин на драматичен начин со победа од 104-103 го елиминира Торонто и е единствената екипа што во седмиот меч славеше на гостински терен.

Кај Торонто, Лаури беше најефикасен на мечот со 28 поени, но беше блокиран во последниот обид за триумф на тимот. Пол Пирс спречи триумф на домаќините и го одведе Бруклин во полуфиналето на Источната конференција. Џо Џонсон беше најефикасен кај гостите со 26 поени.

Сан Антонио го декласира Далас со 23 поени разлика и ќе продолжи во мисијата за освојување на трофејот. Мамузите беа многу подобри во решавачкиот меч и победија со 119-96. Тони Паркер беше вистински лидер со 32 поени, а Ману Џинобили го следеше со 20 поени. Кај Далас, Дирк Новицки даде 22 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top