Германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на неименувани германски извори блиски до разузнавачките служби, пишува дека агенти на ЦИА и на ФБИ ѝ помагаат на Владата во Киев да се справи со бунтот на истокот на земјата.
Билд, исто така, пишува дека агентите не се директно ангажирани во судирите со проруските сепаратисти и дека нивната активност е ограничена во главниот град Киев.
Агенти на ФБИ му помагаат на Киев и во борбата против организираниот криминал, наведувајќи дека специјализиран тим експерти за финансиски прашања е ангажиран за да се открие потеклото на имотот на поранешниот украински претседател Виктор Јануковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.