| четврток, 6 декември 2018 |

Почина и битолчанецот кој беше тешко повреден во страотната сообраќајка во која загинаа мајка и нејзината ќерка

Почина и битолчанецот В.А кој беше тешко повреден во страотната сообраќајка во која загинаа мајка и нејзината ќерка на возраст од седум години, од Ресен. Загинаа во сообраќајка кај Битола, јавува ТВ Орбис.

Страотната сообраќајка се случи на 15 април 2014 година  околу 13 часот на патот Битола – Ресен, во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“.

Според информациите од МВР, до сообраќајната несреќа дошло до директен судир меѓу битолски „форд ескорт“ во кој биле татко и син и „тико“ со ресенски регистарски таблички, во кој се наоѓале мајката и нејзините две ќерки.

После само неколку денови  битолчанецот В.А 66 годишен им подлегна на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top