| четврток, 6 декември 2018 |

Дојче банк: Завршува грчката рецесија

europe-debt-crisis-greece-gets-an-ultimatum-img„Дојче банк“ смета дека 2013-та ќе биде последната година на рецесија во Грција, а од следната се очекува земјата да се врати на ограничен пораст, пишува грчкиот весник „Имерисија“.

Германските аналитичари тврдат дека рецесијата во Грција оваа година ќе биде 4,2 отсто, а предвидуваат дека следната година грчката економија ќе започне со развој и темпото на раст ќе изнесува 0,9 проценти.

„Дојче банк“ наведува дека и покрај намалувањето на бруто домашниот производ (БДП) на Грција во четвртото тромесечие од 2012 година за шест отсто, сепак имало знаци на подобрување, бидејќи падот на БДП е помал во споредба со 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top