| четврток, 6 декември 2018 |

Убиени 37 припадници на Ал Каеда

Јеменската армија денеска уби 37 терористи во судири со припадници на Ал Каеда во јужната провинција Шабва, соопшти армијата.

Според соопштението, поголем дел од загинатите се странци, меѓу кои Саудијци, Авганистанци, Сомалијци, Чеченци и други.

Во судирите се уништени и неколку возила и опрема на страната на терористите, се наведува во соопштението на армијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top