| четврток, 6 декември 2018 |

„Фигаро“: Од милијардите на ММФ за Украина профитира Гаспром

figaro.frMеѓународниот монетаребн фонд неодамна на Украина и одобри кредит од 17 милијарди долари, но парадоксот е во тоа што најмногу корист од него ќе има рускиот Гаспром, коментира францускиот весник Фигаро.

Од тие паи Киев ќе мора да ги плати долговите кон рускиот гигант. Весникот потсетува дека ММФ одлучи веднаш да биде деблокирана првата транша од позајмицата, 3,2 милијарди долари, која најмногу ќе биде потрошена на враќањето на долгот.  Одлуката е донесена откако рускиот претседател Путин минатиот месец им прати порака на државите каде се извезува рускиот гас дека украинскиот Нафтогас на Гаспром му должи 2,2 милијарди долари.

Освен тоа, потсети Путин, се должи и 18 милијарди долари за непочитување на договорот и уште 17 милијарди да се вратат заради попустот одобрен во 2009 година.

ПО одлуката на ММФ, Киев треба да спроведе политички и непопуларни економск реформи и да преземе чекори против корупцијата. На сето тоа, ММФ нагласи дека повторно ќе ја преразгледа одлуката доколку Украина загуби контрола над источниот дел од земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top