| четврток, 6 декември 2018 |

„Билд“: ЦИА и ФБИ раководат со акциите во Украина

bild deДесетици агенти на американските ЦИА и ФБИ ги советуваат новите власти во Киев за време на операциите против профедералните активисти во југоисточниот дел на Украина, пишува германскиот „Билд“. Повикувајќи се на неименувани извори наведува дека агентите се на посебна задача на помош да ги смират немирите во земјата и да создадат ефикасни тела за спроведување на законите. Агентите не учествуваат директно на терен во судирите со профедералните бунтовници, не го напуштале Киев, а властите ги советуваат во „борбата против организиран криминал“. Експертите од ФБИ им помагаат на украинските агенти во потрага по средствата на истераниот претседател Јанукович. Претходно смериканскиот Стејт департмент соопшти дека ФБИ ќе помага во прибирањето докази за нелегални активности и докази потребни за да се вратат нелегално изнесените пари од земјата. Минатиот месец директорот на ЦИА тајно престојуваше во Киев, за што пак, Вашингтон првично негираше. Но, набрзо по извештајот за посетата, в.д. претседателот на Врховната Рада, Александар Турчинов најави голема противтерористичка операција на југоистокот на Украина.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top