| четврток, 6 декември 2018 |

Бен Афлек- доживотно забранет влез во казино: фатен како мами

бен афлекАктерот Бен Афлек е исфрлен од од казиното Хард Рок во Лас Вегас откако обезбедувањето го фатило во мамење. 41- годишниот актер бил со сопругата Џенфер Гарнер, на кус одмор пред да замине во Детроид на снимање на новиот Супермен. Наводно актерот седнал на маса каде се играло блекџек, кога срипале членови од обезбедувањето. Играл предобро, јавуваат од таму, па се сомневаат дека „броел карти“. Тоа не е забранета стратегија, но казината имаат право заради тоа да забранат некому да игра, пишува еден портал.

Друг извор пак додава дека на Афлек му е забрането играње и во други казина во Лас Вегас, додека неговите портали се уште на ја коментираат информацијата.

Љубовта кон коцкањето и претходно го ставаше Афлек на насловните страници. Со години играше покер со колегите Тоби Мегваер, Мет Дејмон и Леонардо Дикаприо, додека во 2011 на карти не загубил околу 50 илјади долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top