| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Израел ги саботира преговорите со Палестина

izrael palestinaСАД го обвинија Израел дека намерно ги саботира  последните напори во мировните преговори со Палестинците, пренесе ДПА.

-Има многу причини за неуспехот  на мировните преговори, но луѓето во Израел треба да ја знаат горката вистина – најтешката саботажа дојде од населбите кои Израел ги гради на палестинските територии- соопшти електронскиот сајт на весникот „Једиот Ахронот“, повикувајќи се на анонимен дипломат од САД.

Американските дипломати, цитирани во написот, учествувале во деветмесечните преговори. Се чини дека тие добиле одобрение од своите надредени за да го разгледаат ова прашање со медиумите. Инструкциите, меѓутоа, налагале и нивните имиња да не се споменуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top