| четврток, 6 декември 2018 |

Јордан спречил оружје на влез во Сирија

A Jordanian soldier stands guard in his tank at the Jordan-Syrian border near MafraqЈорданските погранични власти спречиле обид за незаконски влез на значително количество оружје за соседна Сирија, каде веќе четврта година беснее граѓанска војна, пренесе ИТАР-ТАСС.

Пет камиони биле задржани на јорданско-сириската граница. Тие незаконски се обиделе да ја минат границата, за да го остават својот товар со оружје на сириска територија.

Товарот и камионите се конфискувани. Уапсени се неколку лица што ја следеле пратката.

Засега нема информации ниту за точното количество на оружје, ниту за неговиот вид, ниту, пак, за која страна во сирискиот конфликт пратката била наменета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top