| четврток, 6 декември 2018 |

Загинати и ранети во источна Украина

Ukraina April 20Во судирите во Луганск загинал приврзаник на федерализацијата на Украина, а други двајца се ранети, пренесуваат руските медиуми. Престрелки имало во три реони на Луганск, откако локалните жители се обиделе да го блокираат воениот комисаријат и неколку армиски единици. Повод за овој обид за блокада биле информациите дека во градот дошле војници од други реони на Украина.

Во Константиновка, во Доњецката област, каде синоќа почна казнена операција, во реонот на телевизиската кула со хеликоптер биле доставени војници и откако тие се симнале од него почнала престрелка. Претставник на проруските активисти за телевизискиот канал изјави дека од оклопната техника, што е навлезена во градот, се пукало врз мирното население. Имало настрадани, но засега не се знае колкав е нивниот број, дополни претставникот на таканареченото народна одбрана.

Во Краматорск очевидци информираат за навлегување на тенкови во градот.

Информации за судири доаѓаат и од градот Ѓужковка, како и од близина на селата Пчолкино и Ивановка.

Во Мариупол, каде во синоќа почна упад во зградата на градската администрација, што веќе 20 дена е окупирана од проруски активисти, центарот на градот е блокиран, а јавниот транспорт е запрен. Кон градот се упатени хеликоптери на украинската армија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top