Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави искрени сочувства до семејствата на загинатите во нередите и пожарот во Домот на синдикатите во Одеса, соопшти портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков, а пренесува ИТАР-ТАСС.
– За жал, немаме можност да изразиме сочувство на официјален Киев, како што тоа обично се прави во меѓународната пракса, бидејќи официјален Киев како таков не постои. Претседателот ги изразува своите сочувства до семејствата на оние кои беа живи запалени и претепани и убиени во Одеса, и сака што побрзо да оздрават оние кои се повредени во спомнатата казнена операција – изјави Песков.
Претходно Песков изјави дека одговорноста за крвопролевањето на истокот на Украина го носат власта и нејзините спонзори кои ги провоцираат овие случувања, а изјавите на политичарите кои ги оправдуваат овие акции на југоистокот на Украина ги карактеризираше како краен цинизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.