
Нови фабрики и автопатишта. Најавите за нови инвестиции во југозападниот дел од земјава ја будат надежта на граѓаните. Ќе се отвораат нови работни места, ќе се вработуваат луѓе, ќе се покачи стандардот на граѓаните. Сѐ на сѐ, наскоро ќе го видиме процутот на регионот, кој досега живуркаше или живееше само од туризам. Доаѓањето на две гигантски компании во охридско-струшкиот регион, како и гра дењето на автопатот Кичево – Охрид ќе значат отворање нови перспективи за тамошните граѓани. Новите инвестиции во фабриките треба да апсорбираат 1.800 невработени, плус се очекува да се ангажираат уште толку луѓе во градењето на автопатот. Тоа би значело дека тамошната невработеност ќе се преполови. Имено, според податоците на Агенцијата за вработување, во Охрид се регистрирани 4.269 невработени лица, од кои 3.530 се од градот, а 739 лица од селата. Во Струга, пак, се евидентирани 3.363 баратели на работа, од кои 1.635 од градот и 1.728 лица од село. Вкупно 7.632 лица од охридско-струшкиот регион бараат работа, а сега ќе имаат и кај да ја најдат.
Од стопанските комори се оптимисти дека новите инвестиции ќе донесат подобро утре и за граѓаните и за државата.
– Секоја нова инвестиција ги отвора вратите за нови вработувања, кои сами по себе значат приходи во семејствата, решавање на егзистенцијалните проблеми. Луѓето ќе можат да си дозволат работи што досега не можеа да си ги обезбедат. Потрошувачката ќе стимулира нова потрошувачка, која на крајот ќе ја придвижи вкупната економија. А тоа ќе биде добро за сите. На крајот на краиштата, развојот на овој регион ќе овозможи запирање на процесот на иселување на луѓето, а тие, освен во туризмот, својата професионална реализација ќе можат да ја остварат и во друга улога, во фабрики, кои ќе произведуваат делови за познати автомобилски марки. Во секој случај, ние го поздравуваме секој чекор во делот на привлекување инвеститори. Освен во фабриките, ќе има вработувања, за кои се веќе објавени и огласи, и во изградбата на автопатиштата во овој дел од земјава, кои ќе дадат дополнителен економски поттик за регионот и за граѓаните – едногласни се во стопанските комори.
Премиерот Никола Груевски го објави доаѓањето во Охрид на германската „ОДВ електрик“ од областа на автомобилската индустрија, која треба да стартува со работа во средината на мај. Станува збор за инвестиција со која ќе има 100 вработувања, додека да се почне со изградбата на големиот капацитет од 10 илјади квадратни метри, кој, пак, во наредните четири години ќе вработи 1.000 луѓе. А втората компанија, за која сѐ уште не се откриваат детали, ќе обезбеди 800 нови вработувања.
– „ОДВ електрик“ фабриката ќе ја градат на 10.000 квадратни метри во слободната економска зона Охрид – Струга, која веќе почна да се гради. Ќ е инвестираат 15 милиони евра. Беа на повеќе места, одбраа дестинација, а тоа е регионот Охрид – Струга. Во текот на наредните неколку месеци ќе ги селектираат првите 100 вработени, кои ќе одат на обука во Германија. До крајот на годината ќе го почнат производството и потоа планираат да вработат до 1.000 луѓе – изјави премиерот Груевски додавајќи дека е добро испитана и понудата за потребниот кадар, односно дали ќе имаат доволно кадар на располагање.
Лудвиг Батон, директорот на „ОДВ електрик“, изјави дека во фабриката ќе се произведуваат електрични инсталации за автомобили како „мерцедес“, БМВ, „фолксваген“, „порше“.
– Во декември минатата година се одржа автомобилска конференција во Берлин на која се сретнавме со Виктор Мизо и така почна иницијативата да ја посетиме Македонија. Присуствувавме на македонското роуд шоу во Штутгарт и потоа ја посетивме Македонија во неколку пригоди, посетувавме градови, инвеститори. Имавме овде состанок, во нашето седиште во Германија и сега сме повторно тука во Македонија – изјави Батон.
Реализирањето на инвестициите во овој регион е овозможено благодарение на напорите на Владата за привлекување странски инвестиции, но и на вклученоста на локалната власт во целиот процес.
– Реализирањето на оваа голема странска инвестиција е плод на нашите напори што ги имавме во изминатиот период заедно со Владата низ интензивно лобирање и претставување на нашите можности и капацитети. Нудење на сите тие олеснувања, кои локалната самоуправа може да ги даде на потенцијалните странски инвеститори – посочи Бакрачески, притоа најавувајќи дека во текот на идниот месец ќе биде претставена втората странска инвестиција во Охрид, која, исто така, треба да биде од областа на производство на делови за автомобилската индустрија, во која се очекува вработување на 800 лица.
Истовремено тој појасни дека при крај е постапката за заокружување на планската документација за индустриската зона во „Мауцкер“, за која заинтересираност за инвестирање покажале неколку компании.
– Веќе имаме најави на компании што се заинтересирани да инвестираат во оваа зона, за две локации погодни за изградба на откупно- дистрибутивни центри со ладилници за овошје. Сето тоа ќе даде резултат и отсега ќе зборуваме за отворање нови работни места по пат на стимулирање на домашни и на странски инвестиции преку погодности што ги овозможува локалната самоуправа – додава Бакрачески.
Освен инвестиции, Владата предвидува и низа поволности за развој на туризмот.
– Голем интерес во струшко-охридскиот дел има и за туризмот, за што предвидуваме поголеми поволности, поголема промоција и тоа што беше најавено, да разговараме со компанијата „Визер“ за директни летови од Лондон до охридскиот аеродром, што во голем дел ќе значи зголемување на туристичката понуда во текот на целата сезона и повеќе од тоа и за Струга и за Охрид и за сите места во околината на нашето крајбрежје – посочи Антонио Милошоски од ВМРО-ДПНЕ, носител на листата во петтата изборна единица.
За развојот на туризмот, клучна улога ќе одигра градбата на автопатот Кичево – Охрид, инвестиција вредна 375 милиони евра. Должината на патот е 57 километри и се очекува делницата да го забрза транспортот на патници и на стока, но да придонесе и за економски и туристички развој. Овој автопат е највисоката инфраструк- турна инвестиција во последните 50 години во Македонија, а досега изградените автопатишта во државата во изминатите 50 години чинат помалку од инвестицијата во автопатот Кичево-Охрид. Средствата за неговата изградба се обезбедени со особено поволен кредит од кинеската Ексим банка. Според проектот, новиот автопат почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Оттука преку Подмоље се поврзува со Охрид. Ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата ќе има и шест премостувања и 13 подземни премини, како и тунелот Пресека со две цевки. Ќе го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“. Градежните работи ќе почнат истовремено на три локации за да завршат за четири години. Во активностите ќе бидат вклучени и повеќе градежни и други компа- нии од земјава. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија, од општините што гравитираат околу автопатот.
Најзначајната придобивка од новиот автопат ќе биде можноста за поедноставена, побрза и побезбедна комуникација меѓу населените места од Економ ија кичевскиот и од охридско-струшкиот регион.
– Очекувам уште од самиот почеток на градежните активности да се отвораат многу нови работни места во градежните компании што се изведувачи и подизведувачи на проектот, но и во многу други компании, чијашто дејност е тесно поврзана со градежништвото – смета премиерот Груевски и додаде дека автопатот ќе биде од огромна корист и за ТИРЗ во Кичево, Тетово и во Струга, за туризмот, како и за подобрување на безбедноста на сообраќајот.
По новата делница ќе се вози со брзина од 120 километри на час, место со 60 како сега, а со неговата изградба во наредните четири години, како и со изградбата на делниците од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид, како и делницата Демир Капија – Смоквица на која градежните работи се реализираат во полн ек, Република Македонија ќе биде побогата со нови 132 километри мрежа на автопатишта.
(Пишува: Александрија Стевковска
Текст објавен во 86. број на неделникот „Република“, 25.04.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Со 480 милиони евра ќе се обновува патната инфраструктура во источна Македонија
-
Николов: Во Радовиш почнуваат неколку проекти за подобрување на патната инфраструктура
-
Дури 400 милиони евра за капитални инвестиции во патната инфраструктура
-
Инвестиција вредна 2,5 милиони евра: Заврши изградбата на регионалниот пат Ново Село – Маврово


