| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е светскиот ден за социјална правда

обеднети нации

Сите луѓе имаат право да живеат достоинствено од својот труд. Принципите врз кои се заоснава социјалната правда се еднаквост, почитување на различностите, солидарност и меѓусебна одговорност. Сојзуот на синдикатите на Македонија (ССМ) во целост ги поддржува начелата и барањата на Организацијата на обединети нации (ООН) по повод денешниот Светски ден за социјална правда.

-„Светот е соочен од последиците на економската криза која на глобално ниво доведе до пораст на невработеноста и сиромаштијата. Во Република Македонија се чувствуваат последиците од кризата, меѓутоа сметаме дека со заеднички напори на социјалните партнери, како и на другите релевантни субјекти во општеството, можеме да ги ублажиме и надминуваме негативните последици од кризата врз стандардот на работниците и граѓаните“ пишува во соопштението на ССМ по повод светскиот ден за социјална правда.

„Во трите изминати години ССМ се залагаше да ги оствари целите за намалување на сиромаштијата, пораст на вработеноста, преземање мерки за родовата еднаквост и соодветно вклучување на младите, жените и дугите ранливи групи на пазарот на трудот, забрана на дискриминацијата по разни основи, генерално да ги отстранува последиците од светската економска, финансиска и должничка криза“ се додава понатаму во соопштението во кое ССМ вели дека и натаму ќе продолжат посветено и одговорно да се залагаат за почитување и унапредување на правата од работен однос преку законската регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top