| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на жртвите во потонатиот јужнокорејски ферибот достигна 236 лица

Бројот на жртви во потонатиот  јужнокорејски ферибот достигна 236, откако денеска беа откриени нови осум тела.

brod juzna koreja

Седумнаесет дена по трагедијата, со непозната судбина остануваат 66 лица и дел од нив веројатно никогаш нема да бидат пронајдени, соопштија француските медиуми.

Операцијата на потрага по лицата од фериботот беше прекината поради лошите метеоролошки услови. Силните струи, високите бранови  и силните удари на ветрот  работата на спасувачите ја прават невозможна, изјави портпаролот на крајбрежната стража.

Најголемиот патнички ферибот во Јужна Кореја потона на 16 април утрината крај југозападниот брег на Корејскиот Полуостров. На бродот имаше 476 патници и членови на екипажот, од кои 325 беа ученици од училиште во јужнокорејскиот град Ансан.

Спасени беа 174 лица, вклучувајќи го и капетанот и голем дел од екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top