| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона се прости од титулата со реми против Хетафе

Каталонскиот гигант Барселона се прости од титулата во шпанското првенство со сензационално реми, 2-2 и тоа на свој терен против Хетафе.

Шок на „Камп Ноу“ предизвика голот на Лафита во втората минута од судиското продолжение, со кој тимот од Мадрид израмни на 2-2. Претходно Барса на двапати водеше со головите на Меси и на Санчес, но Хетафе со двата гола на Лафита, освои значаен бод во битката за опстанок.

Барселона треба да одигра два меча до крајот, а има 85 бода, 3 помалку од лидерот Атлетико Мадрид, екипа што има и натпревар помалку. Кандидат за титулата е и Реал Мадрид со 82 бода и еден меч помалку од градскиот ривал Атлетико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top