Британец освоил џек-пот во висина од 89 милиони евра на играта „Евромилиони“, соопштуваат од француската компанија за игри на среќа „Ла Франсез де жу“.
Добитникот е единствен играч од деветте земји што ги погодил сите седум броја.
Во играта учествувале натпреварувачи од Франција, Велика Британија, Шпанија, Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Австрија,.
Последниот голем џек-пот на играта бил добиен на 14 март од британскиот автомеханичар Нил Тротер, кој добил 129 милиони евра.
Рекордна добивка од 190 милиони евра е извлечена на 10 август 2012 година од страна на британско семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



