| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер сакал прво да го ликвидира семејството, па соучениците со бомба

сад

Полицијата во Минесота спречила да се случи голема трагедија. Имено, тинејџерот Џон Дејвид, сакал да наорави масакр во своето училиште, но за среќа полицијата го спречила тоа.

17-годишното момче признало на полицијата дека сакало прво да ги убие членовите на своето семејство, а потоа и соучениците. Сакал за време на паузата за ручек да влезе во училиште и да активира бомба, со која ќе ги усмрти соучениците.

Момчето со своето однесување им станало сомнително на наставниците, па тие раскажале на неговите родители. Откако еден ден дошол на училиште со преполн ранец, при што биле пронајдени експлозиви, тој бил веднаш приведен. При претрес на неговиот дом било пронајдено и оружје.

Засега не се знае кој е мотивот поради кој детето сакало да направи вакво грозоморно дело

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top