| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Новите автопатишта отвораат илјадници работни места

stavreski

– Изградбата на трите автопати од Миладиновци до Штип, Кичево –Охрид, како и автопатот на Коридорот 10 ќе имаат повеќекратни позитивни влијанија врз македонската економија – истакна министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески.

Тој посочи дека на макроекономски план тие ќе го подигнат нивото на пораст на бруто домашниот производ за околу 1 отсто годишно со директен ефект со ангажман на домашни фирми како изведувачи или подизведувачи .

-Во делот на градежништвото покрај градежните фирми Гранит и Бетон секако дека ќе има и многу други помали фирми кои што ќе бидат ангажирани како подизведувачи во сферата на изведување на одредени градежни работи, користење на домашни градежни материјали, дел од индустријата и слично што може да снабдува стоки и да дава услуги за изградбата на овие автопати – потенцираше Стеврески.

Повеќекратни ќе бидат позитивните ефекти,заклучи министерот и посочи дека  очекува дека во следните 3 до 4 години ќе имаме повисок пораст на економска активност, но и поголем број на вработувања во делот на ангажман на домашни работници.

-Веќе имаме околу 1500 работни места кои што директно се отворени и кои што се резултат на почетокот на реализација на овие автопати. Но и во иднина очекувам уште илјадници македонски работници да бидат ангажирани во изградбата на овие автопати – рече Ставрески

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top