| четврток, 6 декември 2018 |

Радикалите позираа со жртвите во Одеса

pozar-odesa

Вчера во Одеса избувнаа судири  меѓу активисти на Антимајдана и фанови на Одеската и Харков фудбалски клубови од една страна со радикали од “Десниот сектор” и активисти на Евромајдана – од друга страна. Судирите прерасна во вистински масакр. Неколку илјади радикали од “Десниот сектор” и Евромајдана, од кои многу вооружени, со извици: “Слава на Украина!”, “Смрт на непријателите!”, “московјани на нож”, прогонуваа и тепаа по улиците приврзаници на федерализацијата. Тие користеа димни гранати, палки, “молотови коктели “, со кои го запалија Домот на синдикатите. Внатре беа забарикадирани Федералистите, кои се обидуваа да се спасат од огнот  и надвор беа  претепан од радикалите на улица. Вкупно, по конечни податоци на МВР и здравствените власти, загинале 40 лица: 8 скокнале од прозорците, над 30  се задушени  од димот.

Повредени се околу 180 лица,   од кои 25 се во критична состојба. Во Одеса е прогласена 3 дена жалост. Шефот на претседателската администрација во Киев Сергеј Пашински се обиде да ги  оправда крвавите немири во Одеса како провокација од страна на Кремљ, но руското Министерство за надворешни  ги  окарактеризира неговите тврдења како измислици и мечтаење

На ужасни снимки на видео кое  ги емитува LifeNews, се гледа како активистите на Евромајдана кои го запалија вчера Домот на синдикатите во Одеса, ги сликаат телата на загинатите. При тоа фотографиите се придружени од бедни  коментари, а загинатите цинично се нарекувани “жмури” (жаргон за човек кој штотуку починал ).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top