Во Битола се одржа меѓународниот натпревар „Михајло Николовски“. Учесниците на натпреварот во изминатите 2 дена се натпреварувааа во категориите: теорија на музиката, хармонија, контрапункт и музички форми.
Натпреварувачите ќе ги оценува стручна жири комисија составена од професорите Живоин Глушиќ, Сони Петровски, Наташа Нагорни Петров, Фатос Лумани, Габриела Ќосева и Златко Бошковски.
Организатор на натпреварот е Здружението на музички теоретичари на Македонија со седиште во Битола, под претседателство на Василчо Пецаковски, кое е формирано во текот на 2012 година. За првпат натпреварот „Михајло Николовски“ беше организиран во мај 2013 година. Со оглед на тоа што натпреварот е единствен од ваков вид и предизвика голем интерес во нашата држава, оваа година организаторот се одлучи да ја прошири можноста да на истиот земат учество и учесници од регионот.
На натпреварот ќе земат учество ученици од музичките училишта и факултетите од Македонија, Србија и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.