Kопија од играниот филм „До балчак“ на Стoле Попов продукцијата „Fx3x“ и’ го предала на Агенцијата за филм, која, пак, ќе се грижи за промоцијата и за дистрибуцијата на филмот. Прв поголем фестивал на чиј маркет ќе биде прикажан ќе биде тој во Kан, што ќе се одржи од 14 до 25 мај, објави „Дневник“.
„До балчак“ го сними кинематограферот Апостол Трпески. За постпродукцијата се погрижи продукцијата „Fx3x“ од Скопје, а финалниот микс се заврши во студиото „Барандов“ во Прага. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Инти Шрај од Словенија, Мартин Јорданоски, Сашко Kоцев, Сенко Велинов и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Публиката во Кан масовно ја напушти проекцијата на филмот поради сцени со насилство
-
Одлична промоција на Македонија како филмска дестинација на Канскиот фестивал
-
Успешна проекција на „Ефектот на среќа“ за странски дистрибутери на Канскиот фестивал