– Полицијата во украинскиот град Одеса соопшти дека 38 лица загинале во пожар во Домот на синдикатите кој се случил по немирите во овој град, јавија западните агенции.
Како што наведува „Ројтерс“ тие загинале во пожар во центарот на Одеса во зградата на Домот на синдикатите. Во соопштението полицијата навела дека некои од настраданите се угушиле од чадот додека други скокајќи низ прозорците погинале.
Руската агенција „Итар-Тас“ претходно јави дека припадниците на ултранационалистичкото движење „Десен сектор“ и радикалните групи за самоодбрана од Харков и Киев, кои денеска предизвикаа масовни нереди во Одеса ја запалиле зградата на регионалниот Дом на синдикатите во кој се сметиле проруските приврзаници на федерализацијата на Украина.
Вратите и прозорците на зградата биле во пламен, се слушале експлозии од зградата, а луѓето скоксле низ прозорците за да се спсат, јави руската агенција „Итар-Тас“.
Радикалните групи исто така го запалиле и шаторот пред зградата во кој биле сместени активистите на движењето „Куликово поле“ кои собирале потписи за одржување на референдум за федерализација на Украина и прогласување на рускиот јазик за официјален.
Од зградата се слушале истрели, а ниту едно амбулантно возило ниту полицијата не се видени во близина на зградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија