Фудбалски навивачи претепаа пожарникар на улиците на Одеса и го заплениле пожарникарското возило додека се обидувале да го изгаснат огнот кој настанал во текот на судирот со проруските демонстранти.
Во Одеса попладнево дојде до крвави судири меѓу фудбалските навивачи на клубот „Черноморец“ и проруските демонстранти. Околу 1.500 млади луѓе кои носат маски и обележја на „Десен сектор“ вооружени со палки, ланци и штитови се обидоа да поминат по централните улици на Одеса извикувајќи: „Слава на Украина“, „Смрт на непријателите“ итн.
Тие наишле на активисти на движењето „Куликово поле“ кои сметаат дека власта е узурпирана од Киев и кои се залагаат за референдум за федерализација на земјата и за давање на рускиот јазик статус на официјален. Полицијата не успеа да го спречи судирот на двете страни и тие се прошириле на улицата „Дерибасовскаја“ и плоштадот Гешескаја. Повредени се голем број луѓе, а полицајците користеле штитови за да ги заштитат повредените и да ги извлечат од масата луѓе која се судрила. На централните улици на Одеса се прават барикади.
На улиците на Одеса се слушнаа и првите истрели од огнено оружје. Демонстрантите освен камења едни на други фрлаа молотови коктели и гасни бомби додека полицијата безуспешно се обидува да ги раздвои двете страни и да спречи ескалација на судирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.